Живот
31. March 2017 - 11:50

Руски рецепт за правење бебиња: Еве како им се случи беби бум

Околу 100.000 руски семејства подигаат меѓу пет и седум деца, што е фасцинантен податок, а речиси 1.000 семејства имаат по 11 и повеќе деца.

Големиот број семејства во Русија од крајот на 2010 година па се до почетокот на оваа година се зголеми за 25 отсто.

Руските власит овој „беби бум“ го објаснуваат со добра социјална политика, а моментално во Русија има 1,5 милиони семејства со три и повеќе од три деца, пишуваат руските медиуми.

Претставниците на властите објаснуваат дека големите семејства остануваат проект кој ќе има поддршка од државата.

Foto: Profimedia

Дека Русите се одлучуваат за повеќе деца, придонесоа конкретните мерки, меѓу кои се и надоместот за мајките за сите деца, разни повластици, како и федерални и регионални програми кои имаат за цел да им помогнат на семејствата.

Да потсетиме, уште 2012 година рускиот претседател Владимир Путин рече дека целта е семејствата да имаа три деца.

Од друга страна, демографите велат дека целта треба да биде Русите да имаат по четири деца, па дури се споменува и Закон за статус на големите семејства, за да може да се добијат очекуваните позитивни демографски резултати.