Свет
1. July 2022 - 8:03

Руски проектил погоди станбена зграда во Одеса, најмалку 17 загинати

Руски проектил рано утрово погоди деветкатна станбена зграда во украинското пристаниште Одеса, при што загинаа најмалку 17 лица, а десетици се повредени, соопштија локалните власти.

„Еден проектил погодил зграда во градот Билхород-Днистровски, а предизвикал пожар во продавница до зградата“, се наведува во соопштението на украинското Министерство за вонредни ситуации, кое претходно соопшти за 14 загинати и 30 повредени.

Портпаролот на регионалната администрација Сергеј Братчук за украинската државна телевизија изјави дека во тек е акција за спасување, бидејќи некои луѓе останале затрупани под урнатините на зградата.

„Друг проектил го погоди одморалиштето, при што загинаа најмалку три лица, меѓу кои и едно дете, а едно лице е рането“, рече Братчук.