Свет
11. April 2018 - 20:41

Руски пратеник: Русија е во директен контакт со САД за Сирија

Русија е во директен контакт со САД за Сирија, изјави Владимир Шаманов, претседател на Комисијата за одбрана на Државната дума, долниот дом на рускиот Парламент.

Според него, Русија води директен дијалог со Советот на генералштаботвите на вооружените сили на САД.

- Русија исто така е во контакт и со НАТО, преку Турција, додаде Шаманов.