Loading Video...
Свет
21. August 2020 - 16:39

Руски лекари: Навални не е отруен

Руските лекари од Сибирската болница каде се лекува опозиционерот Алексеј Навални негираат дека е тој отруен. Докторите кај него тврдат дека дијагностицирале метаболичко заболување како последица на ниско ниво на шеќер во крвта. Дополнително, врз неговата облека лекарите откриле траги од индустриски супстанции. Навални се разболе во авион на лет кон Москва откако пиел чај на аеродромот во Томск. Првично се тврдеше дека тој е отруен.

Белорускиот претседател Александар Лукашенко тврди дека ќе се реши проблемот со протестите во наредните денови. Вели ситуацијата била негов проблем и наскоро ќе се реши. Во меѓу време, Европската унија го зголемува притисокот врз Лукашенко. Германија и Франција застанаа на страната на демонстратите, а Меркел и Макрон понудија посредничка улога доколку за тоа постоела желба. Протестите во Белорусија почнаа по претседателските избори за кои се тврди дека биле фалсификувани.

Огромен пожар рано утринава избувнал во шпански хотел поради што била спроведена масовна евакуација. Во пожарот биле повредени повеќе лица. Огнот за кратко речиси целосно го зафатил објектот а  брзата интервенција на пожарникарите спречила пламените јазици да ја проголтаат и соседната зграда.