Живот
22. јуни 2018 - 14:25

Руски лекар спаси над 10.000 детски животи: На овој детски хирург и Американците му симнуваат капа

Д-р Јуриј Козлов, шеф на Центарот за хирургија и одржување во живот на новороденчиња, многумина го сметаат за најдобар детски хирург во светот.

Во својата кариера спасил повеќе од 10.000 детски животи благодарение на новите технологии и новиот пристап во лекувањето.

-Смртноста на пациентите ја смаливме за 10 пати, тоа е сигурно, вели д-р Козлов.

Тој оперира деца кои имаат само неколку дена.

Со свои раце ја создаде руската ендохирургија, а сега лекарите и пациенти од целата земја доаѓаат во Иркутск.

-Секој пат кога одам на операција многу сум загрижен. Што е покомпликувана операцијата тоа повеќе сум загрижен. Хирургот не е робот, туку човек, искрен е д-р Козлов.

Неговиот придонес во медицината е признаен и во САД. Тој е единствен Русин  кој ја имал таа чест да одрж главно предавање на меѓународниот конгрес за детска ендохирургија.

-Нема поголема награда од признанието на колегите од целиот свет, вели тој.

Д-р Козлов верува дека е протребно да се живее низ својата работа зошто само тој е начинот да се стане најдобар во својата работа.