Свет
17. March 2018 - 18:42

Руски ГШ: Американски инструктори обучуваат сириски бунтовници за хемиски напади

Американски инструктори подготвуваат групи од сириски бунтовници да извршуваат напади со хемиско оружје, изјави на брифинг заменик началникот на рускиот Генералштаб, генерал-полковник Сергеј Рудској.

Тој истакна дека Русија е загрижена и од сознанијата дека е можно САД да подготвуваат ракетни напади врз Сирија.

- Имаме докази дека американски инструктори во реонот на градот Танфа подготвуваат неколку групи борци за извршување напади со употреба на хемиско оружје, нагласи Рудској.

Рускиот генерал обрна внимание дека хуманитарните конвои во Јужна Сирија се користат за доставување на токсични супстанци.

- Постојат сознанија за подготовка на можни напади од море. Во источниот дел на Средоземно Море, Персискиот залив и Црвено Море се поставени ударни групи од носачи на авиони со „крилести“ ракети, додаде  Рудској.