Македонија
9. September 2016 - 13:50

Руски државјанин ограбен во центарот на Скопје

Вчера во 16:40 часот во Полициската станица Центар, С.В. (39) од Русија пријавил дека истиот ден во периодот од 14:40 до 15:20 часот во Скопје на ул. „Самоилова“ непознат сторител извршил тешка кражба во неговото патничко моторно возило „Инфинити“ со руски национални ознаки. 

Сторителот со употреба на погоден предмет го исекол јажето со кое била врзана петтата врата (која претходно била оштетена) при што одзел машка патна торба во која имало лична облека и два полначи за мобилен телефон и женска чанта во која имало патна исправа на име П.К.В., паричник со 500 американски долари и 500 руски рубљи, како и апарат за гаснење пожар и комплет за прва помош.

Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот и за целосно расчистување на случајот.