Македонија
11. January 2016 - 8:46

Руски центар во склоп на Скопскиот универзитет

Во рамки на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ денеска во Скопје ќе почне со работа Руски центар, соопшти УКИМ.

Скопскиот универзитет ја почна реализацијата на овој проект минатата година, во соработка со Амбасадата на Руската Федерација во Република Македонија и со фондацијата „Руски мир“. 

На свеченото отворање ќе присуствуваат ректорот на УКИМ Велимир Стојковски, рускиот амбасадор Олег Николаевич Шчербак, членови на Ректорската управа и Сенатот на УКИМ, членови на Владата на РМ и претставници на руската бизнис-заедница во Македонија.