Свет
1. March 2017 - 23:03

Руски авиони по грешка нападнале позиции на Сириската арапска коалиција

Руски воени авиони и авијацијата на сирискиот режим по грешка бомбардирале село во близина на Ал Баб во северна Сирија, каде биле стационирани борци на Сириската арапска коалиција, поддржана од САД, изјави командантот на меѓународната операција „Неполеблива одлучност“ против Исламска држава во Сирија и во Ирак, генерал Стивен Таунсенд.

- Неколку авиони на Рисија и на (сирискиот) режим вчера бомбардираа села, за кои сметаа дека се под контрола на ИД, но таму беа силите на нашата Сириска арапска коалиција, посочи генерал Таусенд.

Тој додаде дека сириските бунтовници „претрпеле извесни загуби“, а силите на меѓународната антиџихадистичка коалиција биле оддалечени од местото на бомбардирање.

Откако американските војници предупредиле на грешката авионите го прекинале нападот.