Свет
27. May 2020 - 10:31

Руски авиони ловци пресретна американски авион

Два руски авиона Су-35 пресретнаа воени авиони на американската морнаричка патртола над Средоземно Море, соопшти американската Шеста флота.

– Третпат за два месеца, руски пилоти вчера летаа на небезбеден и непрофесионален начин за време на пресретнувањето на авионот Посејдон П-8А на поморската патрола на американската морнарица на Шестата флота, се наведува во соопштението.

Пресретнувањето било небезбедно и непрофесионално поради тоа што руските пилоти симултано се приближиле до крилата на авионот П-8А, со што го ограничиле безбедното маневрирање на авионот.

Пентагон на 15 април пријави дека руски авион Су-35 пресретнал американски авион Посејдон П-8А над Медитеранот. Американската морнарица и тогаш наведе дека пресретнувањето било небезбедно.