Руски авиони бомбардираа позиции на сириските бунтовници, како одговор на нападот врз базата
Руски авион извршија воздушни напади врз позиции на сириските исламистички бунтовници во градот Кафранбел во северозападната сириска провинцијата Идлиб, како одговор на нападот врз руската воздухопловна база „Хмејмим“ во Сирија.
Сирискиот центар за мониторинг на човековите права, со седиште во Лондон, соопшти дека при руските воздушни загинале 10 лица, меѓу кои и пет деца.
Руската Армија ги потврди нападите, посочувајќи дека тие биле извршени врз реоните од кои биле лансирани ракетите врз базата „Хмејмим“, каде се сместени припадниците на Вооружените сили на Русија стационирани во Сирија.
Претходно, руското Министерство за одбрана соопшти дека „терористи“ од исламистичкиот Фронт ал Нусра се обиделе да ја нападнат „Хмејмим“, истрелувајќи шест ракети кон базата.
– И покрај целосниот прекин на огнот од страна на вооружените сили на Сириската Арапска Република од полноќ на 18 мај, терористите од Фронтот ал Нусра во зоната за деескалација во Идлиб продолжија со провокации и гранатирање. Беше извршен обид за напад врз руската воздухопловна база „Хмејмим“, се наведува во соопштението на Министерството.
Русија, која ги поддржува властите во Дамаск, и Турција, која им дава поддршка на дел од сириските бунтовници во северна Сирија, постигнаа договор за прекин на огнот и за создавање на зона на деескалација во Идлиб, што стапи во сила на 18 мај на полноќ. Договорот се однесува за примирје на подрачје на кое живеат околу три милиони лица.
Од почетокот на конфликтот во Сирија во март 2011 година, па досега, загинаа над 370.000 лица, а неколку милиони луѓе ги напуштија своите домови.
Ново на Сител
-
До вторник сончево и топло до 29 степени
-
Нето надворешниот долг на крајот на 2023 година изнесувал 4.458 милиони евра
-
Тетовци се жалат дека не можат да излезат од дома поради глутниците
-
Три млади лица загинаа во тешка сообраќајка во Кичево
-
Велигденска честитка на Н.В.П. д-р Киро Стојанов, Скопски бискуп и Струмичко – скопски епарх
-
Изненадување во Мајами: Алкараз елиминиран од Димитров
-
Ѓоковиќ се уште не избрал нов тренер
-
Експлозија во најголемата романска нафтена рафинерија Петромидија, нема повредени