Свет
6. July 2021 - 8:39

Руски авион со 29 лица исчезна од радарите над полуостровот Камчатка

Авион од типот „Ан-26“ во кој се наоѓале 29 лица, меѓу кои 23 патници и шестчлен екипаж, исчезна од радарите над рускиот полуостров Камчатка, објавија руските медиуми.

Авионот на една локална авиокомпанија летал од Петропавловск-Камчатски (административен центар на територијата Камчатка) кон Палана кога прекинала врската со него.

Авионот не слетал, соопштија властите и веднаш е почната истрага за случајот.