Свет
29. November 2015 - 17:54

Руски авион по грешка навлегол во израелски воздушен простор

Воен авион од руската авијациска група во Сирија навлегол по грешка од 1,6 километри во пределите на израелскиот воздушен простор, по што го напуштил, изјави денеска израелскиот министер за одбрана Моше Јалон.

- Се случи мала грешка и пилотот навлезе 1,6 километри во израелскиот воздушен простор, рече Јалон. - Веднаш стапивме во врска со него (со пилотот) и тој неодложно го промени курсот, и се врати во Сирија. 

Јалон не прецизираше кога бил регистриран инцидентот.

Тој истакна дека бидејќи руските авиони не нанесуваат удари врз Израел, не е неопходно автоматски да бидат соборени.

- Токму така како што ние не им пречиме (на руските военовоздухопловни сили) да дејствуваат и не се мешаме во Сирија, така и тие не ни пречат да летаме и да дејствуваме во согласност со нашите интереси, истакна израелскиот министер за одбрана.