Loading Video...
Свет
22. March 2023 - 16:27

Руската војска го нападна Киев, Украинците возвратија со напад на Крим

Руските сили со дронови рано утрово  нападнаа неколку украински градови,  при што загинале најмалку четири  лица во станбена област во регионот на Киев соопштија украинските власти. Додаваат дека меѓу жртвите е и 11 годишно момче. Во исто време, проруските власти на полуостровот Крим кажаа дека бил одбиен украински напад со дронови врз црноморската флота. Кинескиот план за Украина може да биде основа за крај на војната оцени рускиот претседател Путин по средбата со својот кинески колега Џинпинг во Москва .Но тој план додава Путин, може да биде спроведен доколу Западот и Украина се спремни на тоа. 

Коментирајќи ги најавите на Велика Британија дека е моќно да и достави на Украина муниција што содржи осиромашен ураниуми, шефот на Кремљ истакна дека Москва нема да ги остави таквите акции без одговор. 

Францускиот претседател   не попушта за реформата за  зголемување на  старосната граница за пензионирање  што предизвика масовни и насилни протести ширум земјата. Во телевиското обраќање до нацијата ,Макрон  порача реформата е неопходна и ќе стапи во сила  до крајот на годината. Главните синдиктите најавуваат нови протести и бараат оставка од Емануел Макрон.

Не е познато кога  големата порота на  кривичниот суд во Менхетен  ке одлучува  дали ке поднесе обвиенение  против Доналд Трамп за случајот со поткуп на порнографската ѕвезда Сторми Даниелс.

Некои американски медиуми шпекулираат  дека  големата порота-комисија  од граѓани со широки истражни овластувања би можела  да  донесе одлука или  денеска  или  следната  недела.  Во саботата  екс претседателот на САД јавно објави дека очекува да биде уапсен на 21 март, но тоа  не се случи.