Свет
20. August 2018 - 11:19

Руската војска добива суперснајпер: Со него армијата ќе стане непобедлива и супериорна во секој судир

Единиците Росгвардија до крајот на годината ќе бидат посилни со новата гарнитура најнови снајперски пушки со голем дострел и екстремна прецизност „Точност“.

Во план е развој на специфичен тип на извидувачко-инженерка машина „Сурдинка“ која нема адекватен аналог во светот. Нејзината пробна развојна фаза е ограничена за крајот на 2019 година, по што тргнува нејзиното сериско производство и испорака.

Сите елементи кои се врзани за снајперската пушка „Точност“ (самата пушка, муницијата, системот за нишанење) се усвоени во вооружувањето на ФСО на Русија и Росгвардија. Денеска се заклучени договорите и се тргна со фазата на реализација. Првата сериска испорака на пушки за специјалните единции Росгвардија веќе почнаа.

Како што своевремено пренесе сајтот Популар меканикс во судирот со руските снајперите опремени со оваа пушка треба тактичко повлекување и одвојување од непријателот односно бегство. Било каков обид за размена на огнот со непријателот кој е опремен со овие средства, речиси сигурно ќе доведе до фатални последици по нашите војници, е заклучок на аналитичарите.

Пушката е развиена на база на системот ORSIS T-5000. UВо однос на базичната верзија на таа пушка, руските конструктори направија 210 технички подобрувања на самото оружје, од кои некои се целосно иновативни, така што со голема можност може да се каже дека овој систем нема конкуренција во светот. Оружјето ќе може да дејствува со 2 типа на муниција, со класично и панцирно зрно и тоа со во 2 калибри: 308 Winchester и 338 Lapua Magnum. Ефективниот дострел на оваа пушка се проценува на дури 2km+.

Исто така Федералната служба на војската на анционалната гарда нарачала изработка на инженерски машини - возила за специјалните групи извидници и деминери под името „Сурдинка“. Рокот на извршување на пробно-конструкторската фаза е ограничен за крајот на 2019 година. Ориентационото количество на овие возила за потребите на Росгвардија се проценува на околу 60 парчиња.

Возилото ќе има форма и димензија на оклопен автомобил, со посебно појачан пода кој ќе може да издржи и нагазување на противтенковска мина. На него ќе биде интегриран уред за противелектронска борба кој би го блокирал далечинското активирање на минско-експлозивните средства. Посадата ќе се состои од двајца војници плуис специјална група извидници и деминери (која главно се состои од четворици инженерци и еден кинолог со специјално обучено куче).

https://

Според зборовите на началникот на Центарот за техничко обезбедување на единицата Росгвардија потполковникот Александар Коршков, моментално интензивно се работи на развојот на потполно ново борбено возило специјално конципирано за потребите на Росгвардија. Основната база за ова возило ќе биде шасијата на автомобилот „Камаз“. Тоа ќе биде универзано и ќе може да извршува функции на разминирање на теренот, но и отстранување на препреките што е карактеристично за специјалните инженерски машини - гасеничари.