Свет
18. August 2016 - 15:04

Руската воена авијација трет ден по ред извршува напади во Сирија користејќи аеродром во Иран

Руски воени авиони извршија напади врз објекти на ИД во сириската провинција Дејр ал Зур, полетувајќи од аеродроми во Русија и во Иран, соопшти руското Министертсво за одбрана.

Во нападот биле уништени пет големи складишта за оружје, шест командни пунктови како и „голем број борци, артилериски позиции и оклопна техника на терористите“.

Во вторникот руска воена авијација за првпат го користеше иранскиот аеродром Хамадан за извршување напади во Сирија. Руски воени авиони и вчера полетаа од Иран за напади врз позиции на ИД во Дејр ал Зур.