Руската вакцина против Ковид-19 ја намали вредноста на благородните метали
Цените на блогородните метали забележаа драстичен пад на азиските и на американската берза.
Цената на златото се намали дури за 5,2 отсто и унца се тргуваше за 1.921,50 долари, што е најголем дневен пад во изминатите седум години и е многу помалку од вредноста во петокот кога унца злато се тргуваше за 2.072,50 долари.
И цената на среброто забележа пад од 13,8 проценти, најголемо намалување од октомври 2008 година и овој благороден метал се тргуваше по 25,24 долари по унца.
Вредноста на платината се намали за 4,7 отсто на 940,08 долари, а во исто време забележан е и пад на цената на паладиумот на 2.116,33 долари за унца.
– Ова е мини удар. Не можевме да ги игнорираме ударните медиумски наслови за потенцијалната руска вакцина, така што продолжи оптимизмот на инвеститорите за вложување во компаниски акции, изјави аналитичарот од брокерската куча „Оанда“, Едвард Моја.
На американските берзи цената на златото се намали за 4,6 отсто и унца се тргуваше за 1.946,30 долари.
– Подобрите од очекуваните екомонски податоци во САД влијаеја на распродажбата на жолтиот метал, посочи Мора.
Тој додаде дека и понатаму е силна вредноста на златото.
Ново на Сител
-
Медиуми: УЕФА ќе дозволи 26 фудбалери на ЕУРО2024
-
Тајланд сака да биде домаќин на трка во Формула 1
-
Маж во САД ги убил сопругата и трите деца по што се самоубил
-
Наставниците во Тенеси ќе можат да носат пиштоли на училиште
-
Може да гласаат и граѓаните со истечени лични документи од 24 јули 2023 година
-
Упатство за гласање на претседателските избори
-
Отворени избирачките места, право на глас имаат 1.814.317 граѓани
-
Народниот правобранител со бесплатна телефонска линија за пријавување повреда на избирачко право