Руската телевизија РТ може да ја изгуби лиценцата во Британија
- Британското регулаторно тело за медиуми Офком соопшти дека руската телевизија РТ може да ја изгуби лиценцата за емитување програма во Велика Британија, поради нападот со нервен агенс врз поранешниот руски шпион Сергеј Скрипал.
Таа телевизија, зад која стои Кремљ е константо на мета на критика на Офком, поради кршење на стандардите за непристрасност, а некои британски пратеници повикаа на нејзино затворање.
Двојниот агент Скрипал и неговата ќерка Јулија минатата недела беа пронајдени онесвестени на клупа во англискиот град Солзбери, а и натаму се во критична состојба.
Офком соопшти дека писмено ја предупредиле компанијата АНО ТВ Новости, која ја поседува лиценцата на РТ во Велика Британија, дека ако се покаже оти Русија стои зад нападот на Скрипал, ќе го смета тоа за релевантно за проценка на програмата на телевизијата РТ.
Велика Британија и даде рок на Русија до вечерва на полноќ да објасни, како нервниот агенс, развиен во поранешен Советски Сојуз, стигнал во Солзбери, и и се закани со контра мерки ако Москва не го исполни тој ултиматум.
Ново на Сител
-
Пристигнаа првите резултати од изборите во Хрватска: ХДЗ освои 58 мандати, СДП и партнерите 44
-
Уапсен 33-годишен скопјанец, истепал полицајци во полициска станица
-
Истепан вработен на ЕВН во Глумово
-
Џафери славеше роденден, семејството го изненади со торта во Владата | ВИДЕО
-
Скопјанец ја истепал поранешната девојка и ѝ го украл накитот
-
24 годишник со „ренџ ровер“ се обидел да прегази полицајци
-
Полицајци одзеле канти со поликолор на момчиња кои пишувале графит
-
Избоден затвореник во прилепскиот затвор