Спорт плус
1. February 2017 - 13:51

Руската штафета го загуби среброто од Лондон

Руската штафета на 4x400 метри остана без сребрениот медал од ЛОИ во Лондон 2012 година. 

Ваквата одлука доаѓа откако спринтерката Антонина Кривошапка падна на допинг тестот соопшти МОК. 

Кривошапка била позитивна на стероидот ТУРИНАБОЛ. Сега среброто ќе и припадне на Јамајка а бронзен медал ќе добие Украина. 

Руската атлетичарка инаку не се натпреваруваше од 2013. година кога на СП во Москва освои бронзен медал.