-->
-->
Руската противвоздушна одбрана соборила „мали воздушни цели“ во Сирија
-->
Руската противоздушна одбрана во базата Хмејмим во Сирија соборила неколку мали воздушни цели со непознато потекло, соопшти портпаролот на базата, додавајќи дека нема повредени ниту материјална штета.
- Доцна попладне на 24 април контролата на воздушниот простор на руската база Хмејмим регистрира мали воздушни цели со непознато потекло во близина на аеродромот. Сите цели се соборени со системите за противвоздушна одбрана во базата, рече портпаролот на базата.
Тој додаде дека нема повредени, ниту дека е причинета материјална штета.
- Руската воздушна база Хмејмим работи вообичаено, додаде рускиот функционер
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Неврохирург со амбиција за промени во општеството | Венко Филипче | Неформално | Sitel Podcast 028
-
Вработена во битолско средно училиште нападната од колешка
-
Поради одржување предизборни митинзи в сабота и недела изменет режим на сообраќај во Скопје
-
Во општините Дебар и Центар Жупа повеќе гласачи од жители
-
Тепачка помеѓу две колешки во средно училиште во Битола
-
Вчера пријавени два различни случаи на физичко насилство на Бит Пазар
-
Приведени сопружници од Скопје
-
Во Прилепско во тек се теренски акции за имунизација