Руската централна банка загубила 31 милион долари во хакерски напад
Хакери украле повеќе од две милијарди рубљи (31 милион долари) од сметки во Руската централна банка, изјави на прес-конференција Аритом Сичов, претставник на Банката.
Тој додаде дека хакерите се обиделе да украдат пет милиони рубљи. Сичов даде коментар на вчерашното соопштение на Банката, во кое се информира за хакерскиот напад, но не беа наведени детали.
Финансиските регулатори ги повикаа банките да ги зголемат мерките за безбедност по серијата кражби во банки во целиот свет. Опасноста од хакерски напади се зголеми по февруари, кога непознати кибер криминалци, украдоа 81 милион долари, кои Централната банка на Бангладеш ги чувала на депозит во Федерлните резерви во Њујорк.
Русија вчера соопшти и дека открила заговор на странски шпионски служби за предизвикување хаос во банкарскиот систем преку координаран бран од хакерски напади и лажни известувања на социјалните мрежи за банкрот на банки.
Ново на Сител
-
Игор Јуриќ: Да бидеме подготвени на најлошото, но да не се предаваме - верувам во чудо
-
Почина уште едно повредено лице во терористички напад во Москва
-
ВМРО-ДПМНЕ ја официјализираше својата коалиција
-
Мицкоски очекува ТВ дуел со Ковачевски
-
МТСП: Понеделник неработен за граѓаните од католичка вероисповед
-
Се уште нема трага од двегодишната Данка, потрагата продолжува
-
Индустриското производство во февруари зголемено за 0,3 отсто
-
ДЗС: Струјата во второто полугодие лани поскапела за 8,2 отсто