Руската балистичка ракета „Орешник“ може да носи нуклеарни боеви глави со вкупна моќност од 900 килотони
Новата руска балистичка ракета „Орешник“ може да носи нуклеарни боеви глави со вкупна моќност од 900 килотони, објави рускиот владин портал „Објашњавамо. рф“ на својот канал на Телеграм.
Во нуклеарната верзија „Орешник“ може да носи боеви глави со вкупна моќност од 900 килотони (што е еквивалентно на 45 Хирошими)“, се наведува во соопштението.
Се нагласува дека времето на летот на ракетата од полигонот „Капустин Јар“ до седиштето на НАТО во Брисел е 17 минути.
До аеродромот „Рамштајн“ во Германија потребни се 15 минути, а до американската противракетна база во Реџиков, Полска, само 11 минути.
Според соопштението, максималниот дострел на ракетата е 5,5 илјади километри, достигнува брзина до 10 маха (околу 12,4 илјади км/ч) и може да носи боева глава тешка до 1,5 тони.
Ракетата може да биде соборена само во почетната фаза од летот, бидејќи е лансирана од полигонот „Капустин Јар“ во регионот Астрахан.
Рускиот претседател Владимир Путин претходно изјави дека Украина на 19 ноември извршила напади врз цели во регионите Курск и Брјанск, користејќи американски ракети со долг дострел „Атакамс“ и британски проектили со долг дострел „Сторм шедоу“.
Како одговор на употребата на американско и британско оружје, Русија на 21 ноември започна комбиниран напад врз украинскиот воено-индустриски комплекс во Дњепропетровск кој произведува проектили и оружје.
Во борбени услови е тестиран еден од најновите руски ракетни системи со среден дострел „Орешник“ со балистичка хиперсонична ракета без нуклеарна боева глава.
Претходно, рускиот претседател Владимир Путин потпиша указ за одобрување на ажурираната нуклеарна доктрина – Основи на геополитиката на полето на нуклеарно ограничување.
Потпишувањето на декретот следи два дена откако бројни медиуми објавија дека САД му дозволиле на Киев со западно оружје да изврши напади длабоко на руска територија.
Ново на Сител
-
Обвинувања за криминал со превозот на ученици во Прилеп
-
Преглед на вестите од светот
-
Голема полициска акција - Приведени 23 лица поврзани со криминали во РЕК Битола, ТЕЦ Осломеј и Неготино
-
Мицкоски: Уште многу криминали ќе бидат обелоденети во следниот период
-
ВРЕДИ: Ахмети да признае дека згреши што го штитеше Груби
-
Центрите втор дом за лицата со попречености
-
Преглед на вестите од светот
-
Тема на денот со Јове Кекеновски