Свет
14. April 2018 - 12:26

Руската армија не пронашла траги на хемиско оружје во Дума

 Вооружените сили на Русија не пронајдоа никакви траги дека во сирискиот град Дума бил извршен напад со хемиско оружје, изјави директорот на Центарот за помирување на завојуваните страни во Сирија, Јуриј Евтушенко.

- Според изјави на сведоците, земените примероци и истрагите на локациите што ги спроведоа руските експерти и лекари во Дума, каде што се тврди дека е извршен напад со хемиско оружје, не се пронајдени траги на отровини супстанци. нагласи Евтушенко.

Тој додаде дека припадници на руската Армија ќе ги обезбедуваат експертите на Органзацијата за забрана на хемиското оружје, кои треба да спроведат истрага за обвинувањата за извршен хемиски напад во Дума на 7 април.