Свет
22. јуни 2022 - 13:50

Руска рафинерија запре со работа по нападот со дронови

Рафинеријата за нафта Новошахтинск во руската Ростовска област, што се граничи со Украина, денеска ја запре работата откако два дрона ги нападнаа нејзините објекти од правец на „западната граница“, се наведува во нејзиното соопштение, јавија британски медиуми.

Клипови објавени на социјалните мрежи прикажуваат како дрон лета кон рафинеријата, што се наоѓа само осум километри од границата со Украина, пред врз неа да се појават големи пламени топки и црн дим.

– Пожарот во рафинеријата Новошахтинск изби откако над централата беа забележани два украински дрона. Едниот падна врз постројката за пренос на топлина, по што изби пожар. Другиот дрон одлета, појасни за Тасс неименуван извор од локалната власт.