-->
-->
Руска порно актерка ќе се кандидира за гувернерка
-->
Порно актерката Елена Беркова е заинтересирана за политика, таа ќе се кандидира за гувернерско место во родното место Мурманск, во северниот дел на Русија.
Славата ја стекна со учеството во популарно реално шоу во Русија. Сега е заинтересирана да влезе во политиката и затоа од своите следачи на Инстаграм побара да ѝ пишуваат за проблемите со кои се соочуваат, се распраша за градинките, за живеењето, за болниците и слично.
„Сакам да научам сè за секојдневието во Мурманск, јас сум со вас“, напиша Елена на Инстаграм.
Гостувајќи во локално радио, Елена Беркова вети дека ќе ја претстави нејзината политичка програма веднаш штом ја финализира одлуката.
Повеќето луѓе се скептични, бидејќи во 2009 година Елена најави дека ќе се кандидира за градоначалничка на Сочи, објави и видео, но никогаш не се кандидираше. Во 2017 година најави кандидатура за претседателски избори и вети воведување на сексуално образование во училиштата, како и тоа дека ќе направи сексуалното вознемирување да биде казниво со смртна казна. Но, според рускиот закон, кандидатот за претседател мора да има најмалку 35 години, а Беркова тогаш имаше 33 и не ѝ беше дозволено да се кандидира.
Неодамна лежеше во болница поради исцрпеност, а причина за тоа се постојаните диети на кои се изложува, многуте обврски и разводот од петтиот сопруг.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
ДИК: Oбработени 96,37% од гласовите, Силјановска Давковa 351.826 - Пендаровски 174.658
-
ДИК: Oд обработени 90,18% oд гласовите Силјановска Давкова 325.150, Пендаровски 162.062
-
Ковачевски: Знам дека многу наши поддржувачи се разочарани, но сега не е време за откажување
-
ДИК: Oд обработени 87,17% oд гласовите Силјановска Давкова 315.638, Пендаровски 156.406
-
Мицкоски: Победуваме со над 170.000 гласа разлика
-
Пендаровски: Резултатите не се такви какви што ги очекувавме
-
Пендаровски: Резултатите не се такви какви што ги очекувавме
-
Димитриевски: Испишуваме историја, се роди 3-тата политичка сила во македонскиот политички блок