Живот
9. April 2017 - 14:09

Руска егзотика: Како Русија ќе привлекува туристи на Арктикот

ТАСС - Москва

Арктичкиот регион има големи потенцијали не само од гледна точка на искористување на природни ресусри, туку и од развој на туризмот. Во однос на второво Русија има голем потенцијал. Организираните тури на Арктикот се скапи заради неопходноста да се изнајмат бродови ледокршачи, но околината ја зголемува популарноста меѓу туристите од целиот свет. За тоа како може да се зголеми протокот на туристи во руската арктичка зона раскажуваат од Ростуризам (Федералната агенција за туризам) и Асоцијацијата на туроператори во Русија (АТОР) на Меѓународниот арктички форум.

Секоја година, субјектите на Руската федерација кои живеат во арктичката зона се посетувани од околу два милиони луѓе. Според податоци од Росстат, во 2015 година таа борјка изнесувала 1,8 милиони посетители. Главно тоа се руси, а само 100,000 странци. Имено, странските посетители авантуристи можат да овозможат значителен раст на туристичкиот приток во руската зона на Арктикот, категоричен е раководителот на Ростуризам, Олег Сафонов.

-Да го направиме арктичкиот туризам масовен ќе биде тешко заради високите цени, недостигот на инфраструктурата и долгата сезона. Но тоа е многу важна и перспективна ситуација – да го зарвиеме туризмот во северниот дел на нашата земја. Притоа, арктичкиот туризам е многу популарен меѓу странците. Кај нас доаѓаат претсавници од повеќе од 40 држави, истакнува Сафонов.

Според него, странските туристи доаѓаат најмногу од Кина, земјите од Блискиот исток, САД, Јапонија и Јужна Кореја. Расте интересот за арктичкиот туризам и во Европа, пред се во скандннавските земји, во Германија, Франција, посочува извршниот директор на АТОР, Маја Ломиѕе.

-Тоа е апсолутна, целосно руска егзотика. И бидејќи сите арктички зони се зони за експлоатација, таму е развиен бизнис туризмот и затоа има убави хотели во кои би можеле да се сместуваат тие туристи. Ете зошто има перспектива, убедена е таа.

Ексклузивен туристички производ
-Арктик – пред се тоа е еколошки туризам и активен одмор. Русија нуди ексклузивен туристички производ – крстосување на Северниот пол.

-Русија е единстевната земја во светот која по морски пат довезува туристи до врвот на планетата. Превозот до Северниот пол се врши од Мурманск, преку Шпицберген или преку Земјата на Франц Јозеф, со застанување во ртот Рубин или во заливот Тихај, на островите Чамп и Рудолф, раскашува раководителот на државната агенција.

И покрај високата цена на експедициските крстарења, за таквите патувања има огромен интерес и места за нив се резервираат година дена или повеќе претходно, истакнуваат од Рустуризам. Експедициските крстарења се вршат со пловила ледопкршачи, - тие можат да стигнат до региони недостапни за обичните бродови за крстарење заради ледовите. На бродовите вообичаено има од 50 до 11 туристи.

Друга популарна туристичка дестинација на Арктикот е архипелагот Шпицберген. Според податоци на компанијата за бродски крстарења Посејдон експедишнс, таа понуда обезбедува стабилна побарувачка. Притоа туристите се интересираат за можноста да го истражуваат рускиот дел од Шпицберген – Баренцбург. Посетата таму може да се организира по обратниот пат од Земјата на Франц Јозеф, појаснуваат од Ростуризам.

Странците можат да пројават интерес и кон етничкиот туризам – запшознавање со културата и битот на автохтоните северни народи, истакнува Ломиѕе од АТОР. „Тајмир – тоа е една историја, а Ненецкиот автономен округ е друга таква. Салехард, Јамало-Ненецскиот автономен округ – трета, и тн. Тоест секој пат има одредена етничка група која го прави патувањето во една или друга арктичка област уникатно. Таму можете да ја пробате локалната кујна, да одите на екскурзија, на пример, до крдата со елени или јуртите“.

-Освен тоа, расте и интересот кон елитните сегменти од арктичкиот туризам – разгледување на природните убавини од хеликоптер, информира Ломиѕес.

Развој на инфраструктурата

За да се зголеми обемот на арктичкиот туризам во Русија, пред се треба да се модернизира и развива пристанишната инфраструктура за прифаќање на различни видови пловила и опслужување на повисоко ниво на руски и странски туристи, објаснуваат од Федералната агенција за туризам.

Високата цена за обиколка на Арктикот се голжи во основа на скапиот наем на пловечки објекти. Ете зошто е неопходно да се разработи флексибилен систем на тарифи по целиот Северен морски пат и ставки на пристанишните такси за патнички бродови, велат од Ростуризам. Тоа ќе му даде можност на туристичкиот пазар на Арктикот да навлезат нови руски играчи (сега практично тие нив и ги нема таму).

Второ важно нешто е изградбата на нови хотели, отварање на ресторани и кафе барови, како и на културно-изложбени објекти.

Делумно тие мерки се ставени во федералната целна програма „Развој на внатрешниот и надворешниот туризам во Руската федерација 2011-2018 година“. Порграмата предвидува изграба на неколку туристичко-рекреативни кластери во областа Архангелск („Беломорски“, „Каргополис“, Котлас-Солвичегодск“, „Устјани“), туристички кластер „Угро-фински етнички и културен резерват“ во Коми, кластер „Орто Дојду“ во република Саха (Јакутија).

Визни олеснувања

За да се зголеми протокот на странски туристи во руската арктичка зона, неопходни се визни олеснувања, велат од Федералната агенција за туризам. На пример, треба да се обезбеди безвизно престојување во Русија на 72 часа на патници и бдорови за крстарења, кои пристигнуваат (вклучувајќи и транзитно) преку меѓународнте аеродроми.

-Таа мерка ќе им даде можност на туристите да почнат и завршуваат крстарења, а не само да застануваат во Руската федерација, што значително ќе ја зголеми привлечноста на пристанишните градови, а тоа ќе им даде шанса на туристите таму да останат два-три дена пред да се качат на брод или по крајот на крстарењето“, појасни прес службата на државната агенција.

Освен тоа, Ростуризам предлага да се размисли за можноста за безвизен престој во Русија во рок од 15 дена за патниците на речните рути за крстарења, кои се во органзиирани групи и живеат на бродовите. А исто и да се рашири двостраната пракса за издавање на групни визи.

- Оформувањето на една група за виза, како што покажа едно истражување, дава 20-30 проценти пшораст на протокот на туристи во сегментот на групно организираниот туризам. Притоа, за да се навлезе на светкиот пазар на туризмот за крстраења и да се рашири собаротката со водечките туроператори, се потребни обединување на реусрсите на Архангелск, Мурманската област и Карелија со Краснојарскиот крај, активно развивање на туризмот на Арктикот, подвлекуваат од агенцијата.