Руска амбасада: Изјавата на Заев е политички неодговорна
Изјавата на премиерот Зоран Заев дека руски бизнисмени потпалувале „комити“ да протестираат во Македонија од Руската амбасада во Скопје ја сметаат за политички неодговорна.
- Изјавата на Заев ја става под знак прашање искреноста на заложбите на Владата на Македонија за градење добри односи со Русија. Со жалење констатираме дека русофобијата се повеќе станува алатка во надворешната, а и во внатрешната политика, се вели во реакцијата на Руската амбасада во Македонија, објавен ана официјалниот твитер -профил на Амбасадата.
Во коментар на тврдењата дека руски бизнисмени ги потпалувале протестите во Македонија премиерот Заев денеска, по стартот на изградбата на фабриката на американска „Дура“ во Бунарџик, упати на добиените извештаи по разговорите во полицијата со дел од учесниците.
- Зборувам од тоа што го слушам во извештаите што ги добиваме. Знаете тие млади момчиња „комити“ кога нападнаа полицајци беа повикани во полицијата на исказ, па спомнуваа бизнисмени од Русија дека давале пари, заради тоа се тука и оти немаат ништо против или слично, рече Заев.
Македонија, дополни, е мала земја и сака да гради пријателство со сите, вклучително и со Руската федерација.
Ново на Сител
-
Пожар зафати куќа во неготинско Долни Дисан
-
Врховен задутре ќе одржи јавна седница по жалбата на таткото на Вања против мерката притвор
-
Минималната синдикална кошница за април 60.212 денари, зголемена за 1.214 денари во однос на март
-
Цената на лебот засега е стабилна и нема да се менува, велат од Агро-бизнис комората при ССК
-
МВР, ЈО и АНБ комплетно подготвени за претстојните претседателски избори
-
Инаугурацијата на Путин ќе се одржи на 7 мај
-
Шојгу: Русија ќе ги интензивира нападите врз складишта со западно оружје во Украина
-
Просечната плата во февруари изнесува 39.276 денари