Русите пренаменија паркинг за американските дипломати во пешачки премин
Москва ги укина привилегиите за паркирање на американските дипломати, така што се бојадисани паркинг местата пред конзулатот на САД и тука е поставен пешачки премин.
Државната телевизија „Русија 24“ објави денеска дека паркинг местата пред американскиот конзулат во Санкт Петербург се бојадисани и на нивно место е поставен пешачки премин, а освен тоа се отстранети и специјалните сообраќајни знаци за паркирање пред конзулатот на САД во Екатеринбург.
Дипломатските односи меѓу САД и Русија се на најниско ниво уште од времето на Студената војна, а во последните месеци уште повеќе заострени со протерувањето на дипломати и затворање на дипломатските мисии.
Портпаролката во амбасадата на САД во москва, марија Олсон одби да ја коментира пренамената на паркинг местата.
Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров во понеделникот изјави дека американските дипломатските мисии во Русија ќе бидат сведени на исто ниво на кое се наоѓаат и руските дипломатски претставништва во САД.
Ново на Сител
-
Точно 353 балерини го соборија рекордот во „бурè“ танц на прсти
-
„Гугл мапс“ ќе може да го посочува најблискиот полнач за електромобили
-
ЕП: Ракометарките против Шведска, Унгарија и Турција
-
УЕФА ја казни Барселона
-
Ѓорческа не го помина второто коло на фјучрсот во Копер
-
Хамилтон: Ќе се тркам долго откако ќе наполнам 40 години, Ферари не е нешто краткорочно
-
Продолжуваат кампањите за претседателските и парламентарните избори
-
Протест на вработените во културните институции поради неисплаќање на мартовската плата