Русите наместо лек за Kовид-19, откриле супстанција против рак
Руските научници, во соработка со американските колеги, барајќи активно соединение за борбата против коронавирусот, откриле супстанција која потенцијално може да се употреби за лекување на карциномот неуробластом.
Резултатите од истражувањето на научниците од одделението за хемија и фармакологија на Федералниот универзитет во Северен Кавказ (НКФУ) беа објавени во списанието „Органска и биомолекуларна хемија“.
„Истражувачите ја опишаа синтезата на супстанцијата која ќе му помогне на човештвото во борбата против неуробластомот, еден од најопасните видови на рак. Хемичарите првобитно трагале по соединение кое би дало резултати во борбата против ковид-19, но се испоставило дека антималигната активност на овие супстанции е многу поголема“, се наведува во соопштението на НКФУ.
Методот користен во ова истражување се нарекува Аксенова реакција и е откриен во 2010 година.
Ново на Сител
-
МОН: Деновите од изборите ќе се одработуваат во две саботи, СОНК бара повлекување на одлуката
-
Втор ден кампања за парламентарните избори
-
Последни 4 дена од кампањата за претседателските избори
-
Дуалното образование се попривлечно за средношколците
-
Струмичкиот театар одбележува 75 години постоење
-
Преглед на вестите од светот
-
Петмесечно бебе е вториот случај на голема кашлица во прилепско
-
Преглед на вестите од светот