Свет
6. October 2017 - 12:17

Русите го открија идентитетот на одговорните за лажните закани

Руската Федерална служба за безбедност соопшти дека на властите им е познат идентитетот на четворицата руски државјани одговорни за низата лажни закани со бомби во септември.

Анонимните телефонски повици предизвикаа метеж во трговските центри, железнички станици и јавните згради ширум Русија, поради што голем број граѓани беа евакуирани минатиот месец. 

Александар Бортников, шеф на ФСБ рече дека станува збор за четири руски државјани, кои живеат во странство, но имале и соучесници во Русија. 

Москва се обидува да ги лоцира и да и бидат испорачани осомничените кои за заканите користеле ИП телефони поради што тешко им се влегува во трага.