Loading Video...
Свет
4. September 2018 - 17:32

Русите го бомбардираа Идлиб, и покрај предупредувањето на Трамп

Сириската опсерваторија за човекови права  објави дека руските воени авиони продолжија со воздушните напади врз сириската бунтовничка провинција Идлиб по 22-дневен прекин. Американскиот претседател, Доналд Трамп, претходно му порача на сирискиот претседател Асад да не ја напаѓа провинцијата Идлиб и ги предупреди Русија и Иран дека нивното учество во „оваа потенцијална човечка трагедија” ќе биде „сериозна хуманитарна грешка”.