Loading Video...
Тенис
10. јуни 2021 - 17:03

Русинката, Пављученкова прва финалистка во Париз

 
Русинката Анастасија Пављученкова е првата финалистка на Отвореното првнет6сво на Франциј или популарниот Роланд Гарос. 
 
Иако рангирана како 31-ва носителка во Парис, Пављученкова стигна до самиот крај. Русинката до своето прво Гренд-слем финале стигна со победата во два сета со 7-5 и 6-3 во полуфиналниот меч со Словенката, Тамара Зиданшек. 
 
Која ќе биде нејзина противничка во финалето ќе дознаеме по одигрувањето на вториот полуфинален меч меѓу Барбора Крејчикова, Чешка и (17) Мариа Сакари, Грција