Живот
24. March 2019 - 14:41

Русин во куфер скрил дрогиран мајмун: Несреќното животно не било единствено што се обидел да го прошверцува

Рускиот турист Андреј Жестков е приведен на аеродром на индонзискиот остров Бали зошто се обидел да ја напушти земјата со дрогиран орангутан во куферот, соопшти денеска полицијата.

Туристот (27) е приведен од страна на аеродромското обезбедување додека се качувал во авион за Русија.

Обезбедувањето во неговиот куфер пронајде мажјак орангутан од околу 2 години кој бил во длабок сон, како и два гекони и пет живи гуштери.

Полицијата наведе дека орангутанот најверојатно бил заспан со таблети против алергија кои се пронајдени во куферот.

На Русинот му се заканува затворска казна од 5 години како и 7.000 долари парична казна поради шверц на заштитени видови животни.

Туристит рекол дека орангутанот му го подарил пријател и дека сакал да му биде домашно милениче.