Loading Video...
Свет
15. August 2020 - 16:38

Русија започна со производството на вакцината против Ковид-19

Русија започна со производството на вакцината против вирусот Ковид-19.  Масовното производство се очекува до крајот на годинава. Вакцината што ја разви московскиот институт „Гамалеја“ се состои од два дела кои ќе се примаат на растојание од три недели, што треба да озвозможи имунитет во период од две години. Препаратот, кој е регистриран пред неколку дена, сепак не ја помина третата фаза на клиничкото тестирање, поради што дел од светската научна јавност ја отфрли вакцината како ризична и опасна. И покрај тоа, дваесетина земји веќе нарачаа околу милијарда дози.

Илјадници Албанци кои живеат или работат во Грција веќе четврти ден по ред  чекаат  да влезат во соседната земја преку преминот Какавиа. Се работи за лица кои имаат грчки пасош или имаат потврда за постојан престој, а сега се враќаат од одмор поминат дома. Колоната  долга повеке од 20 километри, со 4000 возила е заглавена на границата на југот на Албанија, а врз патниците се вршат  тестови по случаен избор и се бараат информации за нивните сомнителни контакти. Албанците брзаат да влезат во Грција пред во сила да влезат новите грчки мерки со кои ке мораат да имаат задолжителен ПЦР тест, а бројот на оние кои дневно ќе влезат ќе биде ограничен на 750 луѓе. 

Претседателот на Белорусија  Лукашенко во разговор со рускиот колега Путин го предупредил дека протестите во неговата земја може да се прошират и во Русија бидејки се работи за сценарио.

Илјадници демонстранти и денеска во Минск протестираа против реизборот на Лукашенко.

Досега се приведени повеќе од 6.700 лица, стотици се повредени, а двајца ги загубија животите.

Генералниот секретар на ООН, Антонио Гутереш  апелираше до белоруските власти да ја решат кризата преку дијалог со цел да се зачува мирот во земјата.