Русија забрани увоз на круши од Србија
Руската служба за фитосанитарен надзор „Росељхознадзор“ од денеска забрани увоз на српски круши.
Забраната подразбира и увоз преку трети земји, се наведува на сајтот на „Росељхознадзор“.
Службата тврди дека на српската Национална организација за карантин и заштита на растенија повеќе пати и било пријавувано дека има загриженост поради проблеми со квалитетот на ова овошје од Србија.
Русија претходно имаше проблем и со јаболките од Србија. Во Орловската област во централна Русија, беа пронајдени 13 тони јаболка од Србија заразени со опасен штетник, соопшти фитосанитарната инспекција на Русија.
Русија неодамна го прекина и увозот на јаболки од Босна и Херцеговина поради сомнеж во реекспорт. Министерството за земјоделство на Република Српска смета дека пропустот кај извозот на јаболки од БиХ во Русија нанесе голема штета на домашните произведувачи.
Руската Федерација е трет трговски партнер на Србија, а пласманот на српските производи на рускиот пазар го карактеризира стартна ценовна конкурентна предност во однос на другите увозни производи, благодарение на единствениот преференцијален трговски договор и бесцарински извоз на пазар од преку 144 милиони жители.
Ново на Сител
-
Вештачењето откри - Избришани повици и пораки од телефонот на мајката на исчезнатата Данка
-
Игор Јуриќ: Да бидеме подготвени на најлошото, но да не се предаваме - верувам во чудо
-
Почина уште едно повредено лице во терористички напад во Москва
-
ВМРО-ДПМНЕ ја официјализираше својата коалиција
-
Мицкоски очекува ТВ дуел со Ковачевски
-
МТСП: Понеделник неработен за граѓаните од католичка вероисповед
-
Се уште нема трага од двегодишната Данка, потрагата продолжува
-
Индустриското производство во февруари зголемено за 0,3 отсто