Русија забрани странски летови поради коронавирусот
Русија од утре забранува „редовни и чартер летови“ од Русија кон други земји и обратно, како дел од напорите да се спречи ширењето на коронавирусот. Забраната стапува во сила денеска на полноќ по московско време, со исклучок на летовите кои ги враќаат Русите од странство во татковината, согласно указот објавен на веб-страницата на премиерот Михаил Мишустин. Русија пријави повеќе од 650 случаи на инфицирани со новиот коронавирус, претежно во престолнината Москва, град со над 12 милиони жители.
Градоначалникот на Москва, Сергеј Собјанин, претходно неделава го предупреди рускиот претседател Владимир Путин дека вистинскиот број на случаи можно е да е „значително поголем“ отколку што е соопштено.
Во телевизиското обраќање до нацијата, Путин ги советуваше Русите да останат дома и рече дека на работниците треба да им се дозволи да останат дома од понеделник до петок следната недела и оти тие денови ќе им бидат платени.
Русија воведе и строги мерки за карантин за секој што влегува во земјата од странство и за секој што е можно да бил изложен на лица заразени со вирусот. Владата одлучи да не воведува карантин како оној во Кина и некои европски земји.
Ново на Сител
-
Државата финансира инвертер клима уреди, но цели маала немаат струја за да ги користат
-
Кои се првите луѓе во Стејт департментот - Каква ќе биде нивната политика кон Македонија?
-
Само Општините Прилеп и Долнени пријавиле вишок тутун
-
Пандемијата од Ковид-19 причина за затворање на дуќаните во охридската чаршија
-
Засега нема олабавување на мерките
-
САД и дел од европските земји со нови антиковид мерки
-
Премиерот има најголема, министерот за информатичко општество најмала плата
-
Сметководителите на протест пред Владата следната недела