Свет
14. July 2017 - 12:59

Русија за заканува со протерување дипломати на САД поради затворање имот

Русија е подготвена значително да го намали бројот на соработници во американската Амбасада во Русија како одговор на блокадата на рускиот дипломатски имот во САД, изјави Марија Захарова, портпарол на Министерството за надворешни работи на Русија.

- Ако работите не се помрднат од мртва точка, ќе мора да одговориме. Има со што да се одговори, составот на американската Амбасада во Москва е поголем од бројот на нашите службеници во Амабасадата во Вашингтон, објасни Захарова.

Таа нагласи дека САД одбиваат да дадат визи за дипломати кои треба да заменат 35 службеници протерани во крајот на декември.