Балкан
31. May 2017 - 19:31

Русија врати во Србија 13,6 тони телешко месо

Руската фитосанитарна инспекција „Роселхознадзор“ врати во Србија над 13,6 тони свежо телешко место без коски, кое било доставено во Калининградска област. 

Според руските медиуми, месото било од производител што бил регистриран за ширење на кожен вирус на добитокот. 

 Руската фитосанитарна инспекција вовела привремени ограничувања за внес на месо од говеда од Србија, откако минатато година било регистрирано ширењето на вирусот во продуктите на компанијата „Биг бул“, што се наоѓа во северозападнот дел на Србија. 

Српската управа за ветеринарна медицина при Министерството за земјоделство тврди дека месото било вратено бидејќи документите за него не одговарале на руските барања.