Свет
3. October 2017 - 15:30

Русија тврди дека убила над 300 припадници на ИД во два дена

- Русија соопшти дека нејзиното Воено воздухопловство во Сирија вчера и денеска извршило напади во кои се убиени над 300, а се ранети 170 припадници на групата Исламска држава (ИД).
 
Нападите биле извршени на источниот брег на реката Еуфрат, во околината на градот Деир ез Зур, каде се водат борби меѓу припадници на ИД и сириските владини сили.
 
Рускиот генерал Игор Конашенков информираше во Москва дека во нападите биле убиени и 40-на руски државјани како и граѓани на Казахстан, кои и се придружиле на ИД.
 
Русија проценува дека повеќе од 10.000 државјани на поранешните советски републики војуваат во Сирија.