Свет
9. April 2018 - 13:02

Русија тврди дека Израел е одговорен за нападот врз сириската база Т-4

Руската армија тврди дека два израелски авиони Ф-15 извршиле напад врз сириската воздухопловна база Т-4 во провинцијата Хомс.

Руското МНР нагласува дека израелските авиони извршиле напад во кој загинаа најмалку 14 луѓе, преку либански воздушен простор и дека сирискиот систем за ПВО соборил пет од осум испукани ракети.

Портпарол на израелската армија засега не сакаше да ги коментира тврдењата на Москва.