Свет
27. September 2017 - 9:45

Русија тестираше балистичка ракета Топољ

Министерството за одбрана на Русија соопшти дека интерконтиненталната балистичка ракета РС-12М Топољ е тестирана од полигонот Капустин Јар.

- Борбените единици на ракетните стратешки сили од полигонот Капустин Јар во Архангелската Oбласт изведоа тестирање на интерконтиненталната балистичка ракета РС-12М Топољ, се наведува во соопштението.

Целта на лансирањето, како што се посочува, беше тестирање на перспективната боева глава на интерконтиненталната балистичка ракета.

Ракетата ја погодила целта на полигонот Сари Шаган во Казахстан.