Свет
10. January 2016 - 12:34

Русија со план за 16 тестови на интерконтинентални балистички ракети

Руската армија има план во 2016 година да изврши 16 тестови со интерконтинентални балистички ракети, соопшти денеска руското Министерство за одбрана.

Во оваа година планирани се над 100 командно-штабни, тактички и специјални вежби и ќе продолжи практиката за проверка на состојбата на борбената готовност.

– Воените вежби ќе се изведуваат во сложена и тензична ситуација, наведува прес службата на Министерството.