-->
-->
Русија: Со осветена вода против алкохолизмот
-->
Руски свештеници истуриле цели 70 литри осветена вода од авион што прелетувал над градот Твер, близу Москва, по повод Денот на трезвеноста.
Во авионот имало и свети мошти, како и икони на Света Богородица и Јован Претеча, за коишто свештениците веруваат дека ќе ги избават алкохоличарите од искушенијата.
– Заедно со иконите летавме над градот и не мора да верувате, но еден маж веќе ѝ рекол на сопругата дека веќе нема да пие, тврди еден од свештениците.
Оваа година две семејни двојки дале завет за трезвеност.
Во меѓувреме, Руската православна црква соопшти дека почнува со производство и масовна продажба на вина, преку фирма која е сопственост на Московската патријаршија.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
ВО ЖИВО: Нема настава во сабота
-
Тема на денот со претседателот на ДИК, Александар Даштевски
-
ССК: Кога среда е неработен ден, сте ја изгубиле цела недела
-
Во Југоистокот на државата запишани 1547 болни и изнемоштени лица
-
ВО ЖИВО: Подготовки во ДИК
-
Гласање во затвор „Идризово“, запишани 887 избирачи
-
Гласаат затворениците во Штип
-
Управен ја запре постапката за вработување на 130 кандидати за идни судии и јавни обвинители