Свет
17. January 2020 - 15:01

Русија: САД намерно го дестабилизираат Блискиот Исток

САД намерно го убија иранскиот генерал Касем Сулејмани за да ја поткопаат безбедноста и да го дестабилизираат регионот, оцени денеска руското Министерство за надворешни работи како одговор на прашање од медиуми, објавен на официјалната веб-страница на Министерството.

„На операцијата во која Сулејмани беше убиен гледаме како на намерен чин насочен кон поткопување на безбедноста и стабилноста во регионот, извршена на територијата на суверена земја-членка на Обединетите нации без нејзино знаење“, се вели во оценката од Министерството.

Руското МНР ги повика сите страни да се воздржат, да се водат од здравиот разум и да им дадат приоритет на дипломатските напори.