Свет
19. May 2016 - 18:35

Русија: Разбиена терористичка група која подготвувала напади

Руските безбедносни служби разбиле терористичката група која се подготвувала да изврши напади во големите руски градови, „како оној што се случи во Париз“, изјави денеска Александар Бортников, шефот на руската Федерална безбедносна служба (ФСБ). 

Тој наведе дека ФСБ, наследничката на советскиот КГБ, во февруари ја разбила терористичката група во соработка со казахстанските безбедносни служби, пренесува Танјуг. 

Бортников објасни дека припадниците на групата планирале, откако ќе ги извршат терористичките напади „според париското сценарио“, да одат во Сирија и да се приклучат на ИД. 

Шефот на ФСБ не наведе колкумина се уапсени, ниту пак изнесе повеќе детали за акцијата. 

Русија започна воздушна кампања во Сирија за борба против ИД.