-->
-->
Русија распореди хеликоптери во северниот дел на Сирија
-->
Русија распореди воени хеликоптери за патролирање во подрачјето во близина на границата со Турција со цел да им помогнат во заштитата на руската воена полиција.
– Москва своите хеликоптери ќе ги распореди долж неколку патролни рути на висина од 50 до 60 метри. Летови ќе се извршуваат секојдневно долж сите патролни рути – изјави воениот пилот Дмитриј Иванов.
Турски и руски сили заедно патролираат во североисточниот дел на Сирија и го набљудуваат договорот што го постигнаа Москва и Анкара откако Анкара на 9 октомври покрена офанзива во областа против курдските сили, за кои смета дека се закана по нејзината безбедност.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Петмесечно бебе е вториот случај на голема кашлица во прилепско
-
Преглед на вестите од светот
-
Почнува кампањата за парламентарните избори - ВМРО-ДПМНЕ традиционално во Охрид
-
Караванот на СДСМ и коалиција почнува од ИЕ4
-
Специјализантите в понеделник во 5 до 12 ќе штрајкуваат пред Министерството за да ги види и слушне Демири
-
Мицкоски во Охрид на увид во градежни активности во 3 клучни проекти
-
СДСМ ја стартуваше кампањата – нема откажување додека Македонија не стане дел од ЕУ
-
ДУИ: По изборите Османи е шеф на државата, Села спикер, а Бугарите дел од Уставот