Фудбал
11. February 2016 - 21:30

Русија прв финалист на ЕП во футсал

 Репрезентацијата на Русија е првата која обезбеди пласман во финалето на Европското првенство во футсал, што се одржува во Белград.
 
Во првиот полуфинален меч одигран во исполнетата „Комбанк Арена’’ Русија во неизвесен меч во продолжението ја совлада селекијата на домаќинот на шампионатот Србија со 3:2.
 
Кој ќе биде противник на Русите во финалето закажано за во сабота ќе се знае вечерва, откако Шпанија и Казахстан ќе го одиграат вториот полуфинален меч кој е во тек.  
 
Во сабота како увертира на финалниот меч ќе се одигра и натпреварот за бронзениот медал.