Свет
4. July 2016 - 10:47

Русија привремено го запре локалниот сообраќај меѓу Полска и Калининградската област

Русија го стави во привремено мирување режимот на локален пограничен сообраќај меѓу Калининградската област и Полска, пренесе ТАСС.

Од 12 часот синоќа, полските државјани не можат да влегуваат на територијата на руската покраина со пропусниците за локален пограничен сообраќај.

-Се уште не познато кога режимот ќе биде обновен, за ТАСС информира Павел Мамонтов, претставнмик на руското МНР во Калининград.

Полските власти, пак, претходно соопштија дека од безбедносни причини привремено ќе го преуреди локалниот пограничен сообраќај со Русија и Украина заради претстојниот самит на НАТО во полската престолнина, на 8 и 9 јули, и за време на католичките Светски денови на младината, што ќе се одржат од 26 до 31 јули во Краков.