Русија: Предвидени казни за медиумите кои дејствуваат како странски агенти
До Долниот дом на рускиот парламент е доставен нацрт-амандман на рускиот Закон за административни прекршоци, со кој се предвидува парична казна во износ од 85.000 долари за прекршување на законот за медиуми како странски агенти, како и апсење на поединци во траење до 15 дена.
Според овој нацрт, новата одредба на законот ќе се додаде на Законот за административни прекршоци, која ќе се однесува на „прекршување на одредбите кои се однесуваат на активностите на странските медиуми кои дејствуваат како странски агенти или руски правни лица кои основале такви медиуми и кои дејствуваат како странски агенти" , пишуваат руските медиуми.
За оние кои грубо ги прекршуваат релевантните одредби, ќе се примени максимална парична казна од 100.000 рубли, односно 1.700 долари, или апсење до 15 дена за поединци, додека официјалните лица може да им биде изречена парична казна од 200.000 рубли, односно 3.400 американски долари.
Исто така, е предвидено дека правните лица ќе мора да платат парична казна од пет милиони рубли, што е 85.000 долари
Ново на Сител
-
Неврохирург со амбиција за промени во општеството | Венко Филипче | Неформално | Sitel Podcast 028
-
Вработена во битолско средно училиште нападната од колешка
-
Поради одржување предизборни митинзи в сабота и недела изменет режим на сообраќај во Скопје
-
Во општините Дебар и Центар Жупа повеќе гласачи од жители
-
Тепачка помеѓу две колешки во средно училиште во Битола
-
Вчера пријавени два различни случаи на физичко насилство на Бит Пазар
-
Приведени сопружници од Скопје
-
Во Прилепско во тек се теренски акции за имунизација