Русија предупредува: Џихадисти подготвуваат крвопролевање во Европа
Џихадистите од Исламската држава изгубија територии во Сирија и Ирак, но и понатаму претставуваат сериозна закана, бидејќи нивните терористички ќелии се шират по Европа и Азија.
Алармантното предупредување го изнел Александар Бортников, шеф на Федералната служба за безбедност и еден од најблиските соработници на Владимир Путин, претседателот на Русија.
Тој наведува дека припадниците на Исламската држава и Ал Каида се рашириле по Европа, Блискиот исток и југоисточно од Азија и дека делуваат како автономни терористички ќелии.
-Нашата проценка е дека околу 1.500 до 5.000 терористи пристигнаа во Европската Унија од Блискиот исток. Најголем број од нив се борци кои надредените ги испратиле во Европа да продолжат со изведување на терористичките напади - рекол Бортников на конференцијата која ја организираше Заедницата на независни држави.
Тој истакнал дека криминалните групи се вовлекле длабоко во Африка, вклучувајќи ја и Либија, како и во Авганистан,.
-Повеќето Џихадисти кои се вратија во Европа немале никакви проблеми да се вратат и во своите земји. Истовремено миграционата политика на Брисел им го олесни патот на стотици илјади бегалци да влезат во ЕУ од 2015 година. Повеќето од тие бегалци потекнуваат од земјите со голема терористичка активност. Шефот на ФБИ понуди спроведување низа мерки под заштита на ОН, вклучувајќи организација и размена на податоци, како и спречување на финансирање терористички групи - рекол Бортников.
После пожарот во Нотр Дам кој исламистите го прославија на друштвените мрежи, со упатување закани дека следната мета ќе бидат и други познати свети места, кои во деновите на Велигден се полни со туристи.
Ново на Сител
-
Неврохирург со амбиција за промени во општеството | Венко Филипче | Неформално | Sitel Podcast 028
-
Вработена во битолско средно училиште нападната од колешка
-
Поради одржување предизборни митинзи в сабота и недела изменет режим на сообраќај во Скопје
-
Во општините Дебар и Центар Жупа повеќе гласачи од жители
-
Тепачка помеѓу две колешки во средно училиште во Битола
-
Вчера пријавени два различни случаи на физичко насилство на Бит Пазар
-
Приведени сопружници од Скопје
-
Во Прилепско во тек се теренски акции за имунизација